
Во август 2026 година, во однос на август 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.6 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.9 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.7 % и Преработувачка индустрија за 9.0 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.4 %, Уметност, забава и рекреација за 5.0 % и Административни и помошни услужни дејности за 4.2 %.
- Нето-платата во август 2026 година изнесуваше 48 .733 денари
- Во август 2026 година во однос на август 2025 година е повисока за 7.6 %
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2026 година изнесуваше 73. 336 денари.Во август 2026 година, во однос на август 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.6 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 12.1 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.8 % и Преработувачка индустрија за 9.1 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.5 %, Уметност, забава и рекреација за 5.3 % и Административни и помошни услужни дејности за 4.3 %.










