Оставка пред крајот на мандатот: Лагард си заминува од ЕЦБ

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе ја напушти својата функција на 7 февруари 2027 година, објави денес ЕЦБ.

Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста за својата одлука, се вели во соопштението.

Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе ја напушти функцијата пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година.

Нејзиниот наследник ќе биде назначен на ниво на Европскиот совет, по спроведување на постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија.

Управниот совет на Европската централна банка ѝ се заблагодари на Лагард за нејзината работа, со продолжен аплауз, соопшти ЕЦБ на својата веб-страница.