
Македонската берза соопшти дека на 29 октомври 2026 година го избриша акционерското друштво ЗК „Пелагонија“ АД Битола од Листата за набљудување. Оваа одлука е донесена откако официјално е запрена претходната постапка за испитување на условите за отворање стечајна постапка над компанијата.
Издавачот ЗК Пелагонија АД Битола беше внесен на Листата на набљудување на 19.10.2026 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради поведена претходна постапка за испитување на условите за отворање стечајна постапка над друштвото, а до завршување на постапката.











