Профитот на Audi во третиот квартал од 2026 година падна за 87 отсто на годишно ниво на само 95 милиони евра

Германскиот производител на автомобили Ауди, кој работи во рамките на групацијата Фолксваген, денес објави дека неговата добивка по оданочувањето во третиот квартал од 2026 година се намалила за дури 87 проценти на само 95 милиони евра, во споредба со 718 милиони евра во истиот период минатата година.

Поради исклучително слабите резултати во третиот квартал од 2026 година, компанијата ја намали својата деловна прогноза за целата година, објавува Wirschafsvohe.

Во првите девет месеци од 2026 година, Ауди оствари добивка од 1,22 милијарди евра и приходи од 42 милијарди евра, што претставува значително намалување во споредба со истиот период минатата година.