ДЗС: Реалниот промет со автомобилски горива порасна за 12%, купувањето храна и пијалаци во двоцифрен плус

Во септември 2026 година, во споредба со истиот месец од претходната година, забележан е значителен раст на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и горива, додека непрехранбениот сектор бележи пад, покажуваат најновите претходни податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во септември 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 12.0 %

Во трговијата на мало во септември 2026 година, во споредба со септември 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 24.1 %, а реално за 19.4 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 13.9 %, а реално за 9.2 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 3.9 %, а реално за 4.7 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 12.0 %, а номинално за 38.7 %.

Во септември 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена номинално за 38.7 %, а реално за
    12.0 %
  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 24.1 %, а реално за
    19.4 %