Акциите на сопственикот на брендот Мајкл Корс скокнаа за повеќе од 19 проценти откако ги зголемија прогнозите

Акциите на американската група за луксузна мода „Капри холдингс“  пораснаа за повеќе од 19 проценти, откако компанијата ги зголеми своите годишни прогнози за приходи и профит и објави дека очекува враќање на растот на продажбата.

Компанијата, која ги поседува брендовите „Мајкл Корс“ и „Џими Чу“, соопшти дека очекува приходи од околу 3,42 милијарди долари (околу 2,93 милијарди евра) за фискалната 2027 година, што е зголемување во однос на претходната прогноза од 3,40 милијарди долари (околу 2,91 милијарди евра), објави „Ројтерс“.

Новата проценка е малку повисока од очекувањата на аналитичарите, кои беа 3,41 милијарди долари.