Поранешната гувернерка за Алта банка: Ова немаше да се случи ако некој си ја вршеше работата чесно

Поранешната гувернерка на Народната банка на Србија (НБС), Кори Удовички, оцени, во врска со одземањето на лиценцата на Алта банка, дека промената на власта на изборите предизвикала страв кај оние кои биле вклучени во нечесно работење, што ги предизвикало настаните што доведоа до кризата во банката, оценувајќи дека НБС морала претходно да го зајакне надзорот врз таа банка.

„Оваа ситуација немаше да се случи ако некој овде не работел нечесно. Но, бидејќи имаше парламентарни избори, тогаш тој некој се исплаши и тогаш тоа почна да вознемирува“, рече Удовички за Српската радиотелевизија (РТС).

Таа оцени дека, особено по парламентарните избори, НБС морала да го зајакне надзорот поради можноста за одлив на капитал.

Според неа, ако обвинувањата што ги изнесе јавно адвокатот Иван Ниниќ за префрлање на средства на сметка во Северна Македонија се точни, НБС можела да ги ограничи меѓународните платни трансакции на банката, без да го прекине нејзиното работење во земјата.

„Тоа е одлука на Народната банка што е на сила од 2007 година. Никој не мораше да чуе за тоа, немаше потреба од паника. Банката можеше да продолжи да работи во земјата, доколку имаа зголемен надзор“, рече Удовиќ.

Таа издвои две прашања – како Алта банка се најде во ситуација каде што работи толку лошо и зошто властите не презедоа мерки за да го спречат одливот на пари порано, оценувајќи дека можноста да се запре префрлањето на средства на сметките на поврзани лица или во странство била пропуштена во претходната недела.

Таа додаде и дека во јуни, Алта банка пријавила адекватност на капиталот од 17,92 проценти, но дека клучното прашање е потеклото и квалитетот на тој капитал, посочувајќи ја најновата рекапитализација на банката, за која тврди дека потеклото на инвестираните средства било непознато, истакнувајќи дека нема сите податоци врз основа на кои би можела да утврди евентуални пропусти во надзорот.

„Проблемот е од каде доаѓа тој капитал и каков квалитет има. И тука требаше да го утврди тоа секторот за надзор над банките, работењето на финансискиот сектор“, рече Удовички.