Hафтата се стабилизира на 106 долари по вчерашниот пад од 7%

Цените на нафтата се стабилизираа, по вчерашниот пад од седум проценти. Цената на барел нафта од типот Брент во Лондон утрово е околу 106 долари за барел, а ВТИ се тргува по цена од околу 98 долари за барел.

На девизните пазари, индексот на доларот, кој го мери однесувањето на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, стагнираше на 101,8 поени, по падот од 0,2 проценти претходниот ден.

Во исто време, курсот на еврото се зголеми за 0,06 проценти во однос на доларот, на 1,1192 долари, додека курсот на јенот ослабе за 0,06 проценти, на 157,85 јени за долар.