Почнувајќи од 20 јануари, во повеќе општини во Македонија ќе биде спроведена акцијата Отворено со Управата за имотно-правни работи.
Станува збор за отворени денови кои ќе ги спроведе оваа институција и за време на кои стручни тимови ќе им бидат на располагање на граѓаните за решавање на нивните проблеми од имотно-правен карактер.
Акцијата ќе трае се до 18 февруари. Таа има за цел да ги информира граѓаните за имотно-правните работи и на тој начин да се олесни постапката за откуп на дворните места.
Берово и Делчево се првите градови каде ќе се започне со акцијата, а Штип ќе биде последен. Распоредот на општини и денови ќе биде објавен на веб страната на Министерството за финансии http://www.finance.gov.mk/ и во дневните весници.