
Компанијата ОИЛКО КДА Скопје преку Македонската берза за хартии од вредност информираше за промена во сопственичката структура кај акционерите кои поседуваат над 5% од акционерскиот капитал.
Aкционерот Андреја Јосифовски го намали своето сопственичко учество за 60 акции.
По остварената промена, Јосифовски поседува вкупно 37.490 акции, што претставува 14,94% од вкупниот број издадени акции со право на глас во ОИЛКО КДА Скопје.














