Од петок Goodys и во Скопје

43

goodys_DSC2305 Во Веро центарот во петок се отвора првиот ресторан од познатиот ланец за брза храна Goodys. Франшизата за отворање на ресторанот ја доби Веропулос – Скопје.
“Ни претставува огромно задоволство фактот што го отвораме првиот Goodys и со тоа полека се движиме кон остварување на нашата главна цел за оваа година, а тоа е забрзан пробив на странските пазари. Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место во мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на грчката кујна, квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет со специфичен медитерански вкус”, рече генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.
Goodys ќе понуди особено интересна храна на своето мени, строга контрола на квалитетот и примена на најсофистицирани заштитни мерки. Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Од самиот старт Goodys го носи потписот на грчката оригиналност преку рецептите креирани од страсните грчки кувари, посветени на вкусот и квалитетот. Разновидност, грижа и љубовта за брендот се нивните клучни елементи за успех кои им носат 500.000 потрошувачи, секојдневно.
Goodys денеска има над 130 ресторани во Грција, два на Кипар и еден во Тирана, Албанија.
Главната цел на Goodys е проширувањето на грчкиот и странскиот пазар, при што е планирано да се отворат уште 22 ресторани во повеќе земји.