
Германскиот производител на автомобили БМВ денес соопшти дека проблемите во синџирот на снабдување со делови го нарушиле производството во три од неговите фабрики, принудувајќи ја компанијата да ги прилагоди смените.
Гореспоменатите проблеми влијаеле на работењето на фабриките во Регенсбург и Лајпциг во Германија, како и на фабриката во Оксфорд во Велика Британија, пренесува Ројтерс.
БМВ изјави дека прекинот се случил поради краткорочен недостиг на делови од надворешниот синџир на снабдување, поради што одредени смени во некои производствени погони се откажани или нивното откажување во моментов се спроведува.












