„Ќе ми биде чест“: Илон Маск сака да го вработи Јенсен Хуанг доколку „Нвидија“ му врачи отказ поради скандалот

Одборот на „Нвидија“ може да размисли за отстранување на извршниот директор Јенсен Хуанг по обвинувањата за неговите наводни вонбрачни врски, од кои една, според извештаите, била поврзана со осомничен кинески шпион, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

„Нвидија“ не одговори на барањето за коментар.

Извршниот директор на компанијата „Д.А. Дејвидсон“, Гил Лурија, процени дека замената на Хуанг би била предизвик за „Нвидија“, со оглед на тоа што компанијата нема план за наследување.

Основачот на SpaceX и извршен директор на Tesla, Илон Маск, изјави дека би му било „чест“ да го вработи извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, откако се појавија информации дека одборот на Nvidia можеби се подготвува да го отпушти.

Доцна во среда  финансискиот блог Zerohedge објави на платформата X: „Илон, те молам вработи го Јенсен“, на што Маск одговори: „Ќе ми биде чест“.