Германскиот берзански индекс DAX за прв пат во историјата надмина 27.000 поени

Германскиот берзански индекс DAX денес достигна нов рекорд, надминувајќи ја границата од 27.000 за прв пат, поттикнат од добрите деловни резултати од големите компании, закрепнувањето на технолошките акции во САД и падот на цените на нафтата.

Водечкиот индекс на Франкфуртската берза се искачи за време на утринското тргување на 27.001,67 поени, што претставува раст од 1,3 проценти, објавува Tageschau.

Веќе на почетокот на тргувањето, тој беше во пораст за повеќе од еден процент, достигнувајќи речиси 26.933 поени, што го надмина претходниот рекорд од минатата недела.