Кои се европските земји со највисок БДП по глава на жител

Најголемите европски економии не се нужно најбогатите по глава на жител. Според овој индикатор, неколку од најмалите земји на континентот ги надминуваат економските сили како што се Германија, Франција и Обединетото Кралство.

Оваа визуелизација ги рангира европските земји според номиналниот бруто домашен производ (БДП) по глава на жител, користејќи ги проекциите за 2026 година од октомвриското издание на извештајот на Меѓународниот монетарен фонд за светските економски перспективи. Износите се изразени во тековни американски долари, според пазарните девизни курсеви.

Номиналниот БДП по глава на жител се добива со делење на вредноста на економското производство со бројот на жители, но тој не ја претставува просечната заработка или богатство на поединецот.

Европски економски центри
Шест европски земји имаат БДП по глава на жител поголем од 100.000 долари: Лихтенштајн, Луксембург, Ирска, Швајцарија, Норвешка и Исланд.

Германија, најголемата економија во Европа според вкупниот БДП, е рангирана на 12-то место со 65.699 долари по глава на жител. И покрај огромната вредност на економскиот производ, значително поголемата популација ја рангира далеку под помалите европски економии со висок приход по глава на жител.

Табелата го прикажува рангирањето на европските економии според проектираниот БДП по глава на жител во 2026 година.

РангЗемјаБДП по жител (2026)
1🇱🇮 Лихтенштајн230.417 долари
2🇱🇺 Луксембург155.733 долари
3🇮🇪 Ирска127.837 долари
4🇨🇭 Швајцарија124.478 долари
5🇳🇴 Норвешка115.188 долари
6🇮🇸 Исланд107.464 долари
7🇩🇰 Данска82.714 долари
8🇳🇱 Холандија78.535 долари
9🇸🇲Сан Марино70.662 долари
10🇸🇪 Шведска69.244 долари
11🇦🇹 Aвстрија67.020 долари
12🇩🇪 Германија65.699 долари
13🇧🇪 Белгија64.774 долари
14🇬🇧Обединето Кралство61.108 долари
15🇫🇮 Финска60.156 долари
16🇦🇩 Aндора53.988долари
17🇲🇹 Maлта52.149 долари
18🇫🇷 Франција51.448 долари
19🇮🇹 Италија45.886 долари
20🇨🇾 Kипар44.477 долари

На спротивниот крај од рангирањето е Украина, чиј БДП по глава на жител е само 7.075 долари. Земјата претрпе остар пад на економската активност по почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година, а производството сè уште не е целосно закрепнато.