Евроклир: Нема чудотворно решение за замрзнатите руски средства

Не постои едноставно решение за користење на замрзнатите руски средства лоцирани во клириншката куќа „Евроклеар“, изјави денес извршната директорка на таа компанија, Валери Урбен.

Урбен во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“ изјави дека земјите од Европската Унија блокирале околу 210 милијарди евра руски средства по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

„Евроклеар“ поседува околу 185 милијарди евра, што е повеќе од 80 проценти од неговиот биланс на состојба.

Некои европски земји сакаат овие средства да ѝ бидат достапни на Украина, додека Белгија се спротивставува на овој план.

Урбен предупреди дека преносот на средства без истовремен пренос на обврски би го довел „Еуроклир“ до банкрот.

Таа изјави дека за секој таков трансфер ќе бидат потребни трајни гаранции од земјите-членки на ЕУ, сè додека не заврши војната или додека „Еуроклир“ не биде ослободен од обврската да ги исплати тие средства.

Акционерите на „Еуроклир“ се согласија да ја префрлат на Европската комисија за потребите на Украина каматата заработена од замрзнатите средства, која досега достигна речиси осум милијарди евра.

Урбен, исто така, рече дека „Еуроклир“ досега не бил цел на кибер напади, и покрај неодамнешниот бран кибер инциденти во неколку европски земји, вклучувајќи ја и Белгија, каде што се наоѓа седиштето на компанијата, пренесува Танјуг.