
Енергетската криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток би можела да доведе до намалување на глобалната побарувачка за нафта за повеќе од четири проценти до 2035 година, доколку владите го забрзаат преминот кон електрична енергија, ја зголемат енергетската ефикасност и ја охрабрат употребата на алтернативни горива, објави денес Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Во извештајот „Перспективи за светската енергија 2026“, ИЕА наведува дека конфликтот на Блискиот Исток предизвика најголемо нарушување во историјата на глобалната трговија со нафта и гас, особено поради ограничувањата на поморскиот сообраќај преку Ормутскиот теснец, кој нормално транспортира околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас, пренесува Ројтерс.
Извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, изјави дека по војната со Иран, пазарот на енергија нема да се врати во состојбата во која беше пред конфликтот.











