„Уникредит“ постигна договор со германската влада за преземање на „Комерцбанка“

Италијанската „Уникредит“ постигна договор со германската влада за иднината на „Комерцбанка“, објави денес германската банка.

Со договорот се предвидува „Уникредит“ да ги зачува операциите на „Комерцбанка“ со мали и средни претпријатија, како и нејзините меѓународни капацитети, со обврска за понатамошен развој на операциите во тој сегмент, објавува „Блумберг“.

Седиштето на банката трајно ќе остане во Франкфурт, а „Комерцбанка“ ќе продолжи да котира на Франкфуртската берза.