
Десеткратно повисоки казни, во висина и до 200.000 евра, предвидуваат измените на Законот за нефер трговски практики, што треба да бидат донесени идната година.
Како што рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, Законот се применува веќе десет месеци и има влијание, но не колку што било очекувано.
„Измените се работат со сите надлежни институции и бизнис секторот. Имаме различни мислења, но ќе излеземе со конкретен став“, нагласи министерот на брифинг со новинарите.
Со законските измени ќе бидат опфатени и маркетите (трговските синџири) и дистрибутерите.
Дурмиши најави и нов закон за угостителска дејност.











