Испораките на нафта преку Ормутскиот теснец се преполовија за една недела

Количината на нафта што минува низ Ормутскиот теснец е преполовена во втората недела од ноември во споредба со првата, поради што, доколку продолжат иранските напади врз трговските бродови, може да има сериозни проблеми во снабдувањето со танкери во следните два до три месеци, објави  „Фајненшл тајмс“ (FT), повикувајќи се на податоци од аналитичката компанија „Кплер“.

Според овие податоци, протокот на нафта низ Ормутскиот теснец во втората недела од ноември бил приближно половина од количината регистрирана во текот на првата недела од овој месец.

Падот на сообраќајот укажува дека дејството на иранските напади врз трговските бродови веќе почнало да влијае на намалувањето на извозот на нафта, според британскиот весник.