
Од почетокот на годината, Русија откри 250 наоѓалишта на стратешки минерални ресурси, вклучувајќи резерви на злато, бакар, никел, цинк и олово, како и нови гасни полиња, објави руското Министерство за природни ресурси.
Постојат 239 наоѓалишта на цврсти минерали, а најголемо е наоѓалиштето Морозов во Трансбајкалскиот регион, со резерви од 37 тони злато и 13,6 тони сребро.
Меѓу другите откритија се Дални со 169.000 тони никел, повеќе од 8.000 тони кобалт, 250.000 тони бакар, 242 тони метали од платинската група, 9,5 тони злато и речиси 67 тони сребро, пренесува РИА Новости.











