Цените на горивата во ЕУ се зголемија за 29,5 проценти во октомври на годишно ниво

Цените на горивата и мазивата за патнички возила во Европската Унија се зголемија за 29,5 проценти во октомври во споредба со истиот месец минатата година, додека цените на дизелот и бензинот се намалија на месечна основа, објави  Евростат.

Годишниот раст на цените на горивата се забрза во споредба со август, кога изнесуваше 23,8 проценти, додека во септември достигна 31,4 проценти.

Во октомври, растот на цените беше поголем отколку во август и септември во 19 земји-членки на ЕУ.