
Просечната месечна нето плата на вработените во правните лица во Хрватска за септември изнесуваше 1.543 евра, што номинално е на исто ниво како и во август, но реално е за 0,9 проценти помалку, објави Хрватскиот државен завод за статистика (ДЗС).
Во споредба со септември минатата година, просечната нето плата во Хрватска беше номинално поголема за шест проценти, додека реалниот раст изнесуваше 1,2 проценти.
Највисоката просечна нето плата во септември е исплатена во категоријата воздушен сообраќај и изнесуваше 2.431 евра, додека најниската е забележана во производството на облека, каде што изнесуваше 1.004 евра.











