Meta го воведува AI-асистентот Muse во Велика Британија – ќе може и да купува

Мета го лансира својот асистент за вештачка интелигенција (ВИ) Muse во Велика Британија, нудејќи им на корисниците можност да му ги доверат секојдневните задачи, вклучувајќи купување божиќни подароци, резервација на патувања и испраќање е-пошта.

Muse е достапен како самостојна апликација и во рамките на платформата WhatsApp, а корисниците можат да го постават неговото име, изглед и личност, објави Гардијан.

Веќе е преземен милиони пати во САД и е рангиран на прво и второ место на листите со бесплатни апликации во продавниците на Google и Apple.