Мајкрософт прогласи „црвен аларм“ по историскиот прекин на работата на своите сервиси

Американската технолошка компанија „Мајкрософт“ прогласи „црвен аларм“ (Code Red) и започна итна акција за подобрување на системот за спречување и реагирање на големи прекини во работењето на своите услуги.

Одлуката дојде по повеќечасовниот глобален прекин претходно овој месец, кој ги истакна слабостите во инженерските системи и организацијата за одговор на кризи, објави денес „Ројтерс“, повикувајќи се на внатрешни меморандуми на компанијата.

Прекинот, кој се случи на 12 и 13 ноември и траеше околу 24 часа, влијаеше на Exchange Online, Outlook, Teams, Copilot и други производи на „Мајкрософт 365“.