Руската Дума го усвои законот за данок на дополнителна добивка на рударските компании

Државната Дума на Русија на конечно читање го усвои законот со кој се воведува данок на дополнителна добивка на рударските и металуршките компании.

Законот, кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година и ќе важи до крајот на 2029 година, предвидува даночна стапка од 30 проценти за повеќето минерални суровини, додека за златото ќе изнесува 20 проценти, објави рускиот бизнис весник „Комерсант“.

Според образложението на законот, се очекува дека оваа мерка ќе донесе околу 200 милијарди рубли годишно (приближно 2,2 милијарди евра) во рускиот буџет.