
Германската економија порасна за само 0,1 процент во третиот квартал од 2026 година во споредба со претходниот квартал, што е послабо од првично проценетиот раст од 0,2 проценти, покажаа ревидираните податоци од Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис) објавени денес.
Забавувањето е последица на послабиот извоз и промет во малопродажбата од првично очекуваните, соопшти Дестатис.
Во споредба со истиот период минатата година, бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 1,2 проценти, или за 1,1 процент кога ќе се земат предвид календарските разлики.











