
Годишната инфлација во Русија изнесуваше 7,17 проценти во периодот од 17 до 23 ноември, додека потрошувачките цени се зголемија за 0,3 проценти на неделно ниво, објави руското Министерство за економски развој.
Цените на прехранбените производи се зголемија за 0,38 проценти, при што овошјето и зеленчукот поскапеа за 1,9 проценти, додека цените на другите прехранбени производи се зголемија за 0,23 проценти, објави ТАСС.
Во непрехранбениот сектор, цените се зголемија за 0,23 проценти, додека во услужниот сектор се зголемија за 0,45 проценти, се вели во соопштението на министерството.











