
Цените на нафтата, значително пораснаа утрово втор ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент порасна за 1,56 проценти, на 96,10 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот порасна за 1,74 проценти, на 85,20 долари.
Доларот ослабе втор ден по ред
А на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 103,80 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,97 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 159,45 на 159,15 јени.
Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,0960 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,0945 долари.











