
Побарувачката за природен гас во Соединетите Американски Држави би можела значително да се зголеми во следните две години поради забрзаната експанзија на центрите за податоци, особено оние посветени на развој и употреба на вештачка интелигенција, проценува инвестициската банка од Њујорк, Голдман Сакс, во својот последен извештај.
Според проекцијата на банката, центри за податоци со вкупен капацитет од 52 гигавати (GW) би можеле да бидат изградени во САД само во 2028 година, објавува Ројтерс.
Аналитичарите очекуваат дека зголемувањето на потрошувачката ќе биде последица не само на поголем број центри за податоци, туку и на изградбата на сè поголеми објекти, со значително поголеми потреби за електрична енергија.











