ЕЦБ: Растот на кредитите за домаќинствата во еврозоната е стабилен на 3,1 проценти на годишно ниво

Во Еврозоната, во октомври е забележан стабилен раст на побарувачката на домаќинствата за кредити по четврти месец по ред, бидејќи банкарските кредити се зголемија за 3,1 процент на годишно ниво на 7,29 трилиони евра, според документот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните трендови објавен денес.

Растот на кредитирањето на домаќинствата останува најбрз од февруари 2023 година, покажува најновиот извештај.

Вкупната вредност на кредитите за компаниите (со исклучок на финансиските корпорации) во Еврозоната порасна за 4,5 проценти во октомври, со побрзо темпо од ревидираниот раст од 4,3 проценти во септември.