Пристаништата на ЕУ регистрираа рекорден број од 423,4 милиони патници во 2025 година

Пристаништата во Европската Унија опслужија рекордни 423,4 милиони патници во 2025 година, што е најголем број откако започна собирањето споредливи податоци во 2002 година, објави  Евростат.

Службата за статистика на ЕУ наведува дека бројот на патници се зголемил за 5,5 милиони во споредба со 2024 година, односно за 5,2 милиони во споредба со 2019 година, пред прекините во сообраќајот и туризмот предизвикани од пандемијата на Ковид.

Најголем број патници на море е забележан во Италија, каде што низ пристаништата поминале 96,5 милиони луѓе, што претставува 22,8 проценти од вкупниот број патници во ЕУ.