Францускиот трговски ланец Carrefour до крајот на годината би требало да отвори продажни објекти во Србија, во Белград и Нови Сад, пишува Б92, повикувајќи се на пишувањата на бугарските медиуми. Бугарскиот портал Investor.bg пишува дека овој француски бренд планира да влезе и на српскиот пазар, а експанзијата ќе ја спроведе преку компанијата CMB Бугарија.
Директорот на Carrefour за Бугарија и Србија, Милош Ристиќ, изјавил за порталот дека пазарот во Бугарија е постабилен и пофункционален отколку во другите држави во регионот. Според Ристиќ, Carrefour во Бугарија ќе отвори три нови објекти оваа година, во кои ќе биде инвестирано околу 12 милиони евра.