Интернет порталот European Best Destinations го номинираше Загреб меѓу 20 европски градови за најдобра европска дестинација за оваа година. Покрај Загреб, номинирани се и Амстердам, Виена, Берлин, Барселона, Берген, Будимпешта, Кан, Глазгов, Кипар, Лондон, Мадеира, Мадрид, Милано, Порто, Париз, Прага, Рим, Стокхолм и Женева. Градовите се избирани врз основа на податоци од Евростат и според оценката на организаторот.
Гласањето започнува денес и ќе трае до 12 февруари.
European Best Destinations е настан што го организира европската непрофитна организација European Consumers Choice со седиште во Брисел, основана со цел да ги промовира културата и туризмот на Европа.
Гласањето се одвива електронски (линк). Минатата година, за најдобра европска дестинација беше избран Истанбул, Турција.