Алтис тестирање и во Македонија

38

Британскиот совет во Македонија огранизира регионална конференција за англискиот јазик во бизнисот на тема Англискиот јазик и вашиот бизнис.
Целта на конференцијата е официјална промоција на нови и иновативна глобална алатка за оценка на познавање на англискиот јазик Алтис, која претставува меѓународен тест со кој прецизно се оценува способноста и јазичното ниво на кандидатите кои се пријавуваат на ова тестирање.
На конференцијата најавено е да се обратат Кристофер Ивон, британски амбасадор во Македонија, Елеонора Запрова, директорка на Британскиот совет во Македонија, Ендру Мекензи, директор на одделот за тестирање на Британскиот совет и Лондон Ник Кендл, раководител за испитна дејност во Западен Балкан.
Овој релативно нов метод на оценување од 2012 година се спроведува во над 50 земји низ светот, а Британскиот совет годинава прв пат ја вклучува Република Македонија на глобалната листа на земји каде се врши Алтис тестирање.