Стручен тим на Централниот регистар од Скопје присуствуваше во Велес во рамки на акцијата Отворени денови. Жаклина Танушевска од Централниот регистар појасни дека посебен акцент се става на новите услуги и проекти кои во последно време ги има преземно Централниот регистар со измените во Законот за трговски друштва, а со кои се овозможува регистрација на фирми само со еден чекор за нула денари.
Втора услуга која се промовира е системот за е-услуги, а која служи за олеснување на пристапот до информации од Централниот регистар, посебно до потврдите кои се потребни за јавни набавки.
“Системот овозможува електронска нарачка на документи и нивно преземање во електронска форма или во хартиена”, појасни Танушевска.
Во текот на Отоврениот ден беше направена и презентација и обука за поднесување на годишни сметки по електронски пат за 2013 година.