Отворени денови на Централен регистар во Гевгелија

41

Централниот регистар во рамки на Отворените денови ја посети општина Гевгелија каде одржа презентација на проектите кои треба да им ги олеснат и поедностават работите на лицата кои се должни да изготвуваат и поднесуваат финансиски документи.

“Средбата ја одржавме со сите граѓани на Гевгелија кои имаат било каков проблем по одредени постапки кои се водат во Централниот регистар, со цел да им излеземе во пресрет и да им помогнеме во остварување на нивните права. За да им помогнеме, промовиравме три проекти и тоа главен таргет е проектот за доставување по електронски пат на завршните сметки за 2013 година”, рече Ванчо Костадиновски, директор на Центрланиот регистар.
Централниот регистар по втор пат оваа година ја спроведува акцијата за Отворени денови во регистрационите канцеларии низ цела држава.