Отворени пунктови за наградната игра Фискална во рака – награда без мака

14

Државна лотарија на Македонија, од денес ќе постави отворен пункт за оставање коверти за учество во наградната игра Фискална во рака – награда без мака, на Плоштад Македонија во Скопје на две локации и тоа во продажниот салон на Техномаркет во Сити Галери (работно време секој ден освен недела од 9 – 21 часот) и пред продажното место Толлакс на ул. Македонија (работно време секој ден од 8 – 24 часот)

Граѓаните пликовите со по 20 фискални сметки, лист со лични податоци и напишана адреса на приредувачот со напомена За наградна игра Фискална во рака – награда без мака, ќе може да ги оставаат во тек на работното време на горенаведените продажни места, и секако, може да ги оставаат во наменската кутија во зградата на МРТ. За учество во второто извлекување пликовите во наменските кутии може да се оставаат до 26.01.2014 година, до 24 часот. Пликовите кои ќе бидат оставени по ова време ќе се земат предвид за третото извлекување.
Второто извлекување за наградната игра ќе се реализира на 27.01.2014 година – понеделник со пренос во живо на МРТ1 од 20:00 часот. Главната награда за ова извлекување е автомобил Фолксваген Поло и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 – 60.000 денари.