Познато е дека кога ќе добијат дете, жените наместо дизајнирани чанти бараат да купат чанти кои имаат соодветни прегради и џебови во кои ќе ги собере сите работи за нивниот најмило. Но, дизајнерите се сетија и на нив и создадоа колекција чанти за модерните мајки да можат и во овој период од животот да ги носат омилените брендови. Ова е топ 5 листата на дизајнираните чанти за пелени.
5. Gucci Dark Pink Nylon Guccissima: 1.250 долари
Розовата кожна чанта со златни рабови е една од чантите на Гучи која е создадена за мајките со мали деца. Во оваа чаната има рампа за менување на пелени, како и многу џебови за чување на шише со млеко, сок, вода, но и делови каде да се сместат играчките. Оваа чанта е за мајките кои имаат девојчиња.
4. Burberry House Check Baby Changing Tote Bag: 1.350 долари
Кога ќе го слушнете името на Burberry, веднаш ви текнува на карираната луксузна шара која имено е и нејзин заштитен знак. Burberry создаде и марка на чанти за модерните мајки, која е 100% памук и мека кожа.
3. Gucci GG Zoo Birds: 1.450 долари
Надворешниот принт со птици ја прави оваа чанта посебна. Ја има во две бои, сина и розова, за мајки на момчиња и девојчиња.
2. Burberry Carolina Pebble: 1.595 долари
Burberry Carolina Pebble е нетипична чанта бидејќи го нема на неа вообичаениот кариран дизајн. Таа е бела чанта и е наменета за жени од високите класи. Чантата е направена за мајките кои би сакале да ја носат и кога нивните деца ќе пораснат.
1. Louis Vuitton Monogram Mini Lin: 2.200 долари
На врвот секако е Louis Vuitton, марката која е најчесто копираната во светот. Оваа кожна чанта во себе содржи даска за менување пелени, посебен дел за чување на личните работи на мајката, посебен џеб за клучеви, како и соодветни места за чување на шишиња, играчки и храна.