Прекинато испуштањето на вода од Беровското езеро

48

Прекинато е испуштањето на вода во Беровското езеро за хидроцентралата, по иницијатива на градоначалникот на Берово, Драги Наџински.
На ваквата одлука и претходеше вонредната седница на Одборот на водокорисници на Беровското езеро на која е констатирано дека нивото на водата е на биолошки минимум. Надлежните ограни ќе продолжат со следење на хидролошката состојба и на водостојот на хидроакумулацијата со цел да не се наруши снабдувањето со вода за пиење на градот, туристичкиот комплекс, како и повеќе села во Малешевијата.
Повторно користење на водите од Беровското езеро за работа на хидроцентралата ќе се дозволи кога порастот на нивото на водата ќе го дозволи тоа.