Мој клуб на Т-Mobile со уште повеќе придобивки за корисниците

80

unnamedСо најголемата програма за лојалност Мој Клуб освен редовните поени од Т-Mobile и T-Home, корисниците добиваат поени со секое купување во продавниците на партнерите: Тинекс, Космо,Travel Solution, Нептун, како и продавни­ците на Fashion Group (Okaidi, Bata, Mango, Golden Point, Geox, Timberland, Hugo Boss, Fashion ID, Giovanni Galli, Celio, Fashion&Friends, Women’s secret, Parfois, Springfield, Blanco, Bitsiani).

Собраните поени може да се користат за плаќање во која било продавница на партнерите, за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб или за купување уред од понудата на Т-Mobile во Доверба.

Сè што треба за собирање или, пак, за плаќање со поени е телефон со T-Mobile постпејд или припејд број во моментот на пазарувањето. На каса, при плаќање сметка во која било продавница од партнерската мрежа се врти само бесплатниот број 180 и се допира мобилниот до терминалот.

Собирањето поени во Мој Клуб е едноставно и брзо и важи за секој тип на плаќање. Корисникот ќе има можност, преку MyT-Mobile, во секој момент да го следи своето салдо со поени и да планира каде сака и може да ги потроши.

Поволноста  важи за сите пост пејд и припејд корисници, физички лица и компании, кои имаат Т-Mobile број.

За повеќе детали: www.t-mobile.mk или www.mojklub.mk