Познатиот милијардер, Роман Абрамович, рекол доколку ја најдете мојата подморница, ќе ви ја подарам, но никој досега ја нема пронајдено. Милијардерите вешто ги кријат работите што ги поседуваат, а тоа конкретно може и да се каже и за подморниците. Тие вредат милијарди, а името на сопственикот останува непознато. Верувале или не, само едно лице јавно има кажано дека поседува подморница. Ова е листата на најскапи и најлуксузни приватни подморници во светот:
7. Nomad 1000: 6,5 милиони долари
Подморницата Nomad 1000 се користи за бизнис екскурзии. Во неа има соби за престој, кујна, места за гледање на морскиот свет.
6. Proteus: 8 милиони долари
Proteus, подморница – јахта, се смета за технолошки најнапредна. Нејзин дизајнер е Herbe Jaubert. Оргиналната Proteus подморница била употребена за снимање на филмот Фантастично патување.
5. Hyper-Sub Submersible Powerboat: 9,5 милиони долари
Замислете ја најсовршената комбинација на моќен брод, кој истовремено е и подморница. Тоа е Hyper-Sub Submersible Powerboat. Оваа подморница наликува на филмовите за Џејмс Бонд и е навистина одлична за шпионирање.
4. Жолтата подморница на Пол Ален: 12 милиони долари
Ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален поседува жолта подморница. Направена е пред неколку години и на неа можат комфорно да се сместат 10 лица. Идејата најверојатно ја добил од познатата група Битлси.
3. Seattle 1000: 25 милиони долари
Направена е од страна на истата компанија која ја создала подморницата Nomad, но за разлика од неа, Seattle 1000 е многу поголема. Во неа има пет соби, две кујни, спортски дел, визба со вино, дневна соба и соба за вечера.
2. Phoenix 1000: 80 милиони долари
Phoenix 1000 прави Seattle 1000 покрај неа да наликува на јахта. Phoenix 1000 е 100% направена по желбата на сопственикот.
1. Migaloo Submarine-Yacht: 2,3 милијарди долари
Воодушевувачка комбинациија на јахта која се претвора во подморница. Огромната палуба, кога е јахта, содржи бар, хелиодром, базен, лежалки за сонце и место за ручек. Кога се претвора во подморница, делот за ручек, со помош на електричен лифт се спушта надолу. Ова јахта е сон на секој милијардер.