Здравје Радово со нов производ

55

4d1174d0-3438-4e6a-927f-d4589be5dc8b Јогуртот Здравје на млекарницата Здравје Радово е новиот производ кој е пуштен во продажба. Како што информираат од компанијата, новиот јогурт е изработен од млеко кое се добива од строго контролирана фарма и на која и е додадена специфична лакто култура. На овој начин, јогуртот на рафтовите во маркетите стига истиот ден кога е произведен.

„Разликата на овој јогурт е тоа што се задржуваат карактеристиките на свежото млеко, како и сите карактеристики на јогуртот”, велат од Здравје Радово.

Инаку, јогуртот е пакуван во еколошко пакување и нема да има поразличен вкус од останатите јогурти.

Цената на јогуртот Здравје на почетокот ќе биде промотивна и ќе се движи од 42 до 47 денари, во зависност од политиката на маркетите.