Пуштена во работа најголемата ветерна турбина

47

vestasДанската компанија Vestas ја пушти во работа најголемата ветерна турбина во светот. V164-8.0 MW прототипот успешно го произведе првиот киловат час во Данскиот национален тест центар во Естерилд, пренесуваат агенциите.

Конструкцијата е висока 220 метри, може да генерира осум мегавати и со енергија да снабдува 7.500 просечни европски домаќинства.

Турбината е заеднички проект на дански Vestas и јапонски Mitsubishi, а во сериско производство ќе влезе следната година, доколку има доволно интерес.

Vestas е втор по големина европски произведувач на турбини, по германски Siemens. Минатата година Vestas инсталирал 27% од европските ветерни турбини на копно, или во бројки 547, наспроти 60% на Siemens или 1.249 турбини.