Јутарњи лист: Русија сака 75% од ИНА

46

rosneftОткако рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан начелно се согласија најголемата руска нафтена компанија Роснефт да купи 49,08% акции на хрватска ИНА од унгарски МОЛ, во Москва се подготвува понуда која, како што тврдат упатените, Загреб нема да може да ја одбие, пишува Јутарњи лист.

Русите имаат поголеми амбиции од купување на мнозински удел во ИНА и подготвуваат пакет мерки кој содржи цела низа проекти, кои, доколку се реализираат, ќе имаат огромно влијание врз хрватската економија. Нафтениот гигант Роснефт, откако ќе купи 75% акции во ИНА, планира да ги затвори старите погони во Сисак и на нивно место да изгради магацини за нафта и преработки од нафта. Со тоа Сисак ќе стане регионале центар за снабдување.

Ако станат мнозински сопственици на ИНА, Русите се заинтересирани за проширување на капацитетите на пристаништето во Риека и модернизација на рафинеријата во овој град. Ова пристаниште Русите би го користеле и за транспорт на нафта и преработки од нафта од и кон рафинеријата во Панчево, Србија, која е во сопственост на вториот руски нафтен гигант Газпром, пишува Јутарњи.