Задоволните купувачи се најдобрата реклама

155
naslovna filip
Филип Додевски, менаџер на Филанд Куманово

“Идејата вреди пари. Доказ за тоа е бизнисот кој го започнаа моите родители – фирмата Филанд Куманово, која е основана во раните 90 години. Се започна со книжарница, во која иако бев дете, бев ангажиран во комплетирање на учебниците на почетокот на секоја учебна година. По само три години беше согледана потребата за производство на хефт спајалици и моите родител инвестираа во купување на машина за производство на такви спајалици. Денес сме единствениот производител на хефт спајалици во Македонија”, раскажува Филип Додевски, менаџер на Филанд Куманово.

Филип верува дека во земјава може да се успее со добра идеја, правилна инвестиција и квалитетна работа. Македонскиот пазар е преплавен со евтини увозни хефт спајалици, но, како што вели Додевски, клиентите го препознаваат вистинскиот квалитет. Покрај квалитетот, бизнисот со хефт спајалиците успева поради добрата цена и навремената испорака.

“Хефт спајалици произведуваме за индустријата за производство на амбалажа, палети и дрвени гајби, како и за сите производители на плочест и тапациран мебел. Со оглед на нашето долгогодишно искуство со индустријата за производство на тапациран мебел, неминовно се наметна уште една идеја – развој и инвестирање во машина за производство на полиуретанска пена сунѓер. Произведуваме полиуретанска пена во повеќе густини и димензии во зависност од потребите на нашите коминтенти”, посочува Додевски.

Фирмата Филанд од минатата година е застапник на брендот S Dream душеци со врвен квалитет произведени во Вапекс, Чачак. Во ова брзо и бурно време исполнето со стрес е потребен квалитетен сон, што пак бара удобен кревет со добар душек.

filip 1“Тоа го препознавме во душеците со кои работиме. Сметам дека компанијата Филанд заедно со S DREAM  Чачак на македонскиот пазар нуди подобри решенија за одмор и опуштање од традиционалните душеци. Нашата порака е – истражете ги нашите производи и пронајдете го решението кое најдобро одговара на Вашите потреби и навики… Секој од нас има специфични потреби за удобен душек. Ние имаме одговор за желбите на купувачите”, вели Додевски и додава дека во Филанд најбарани модели се MAXI, кој се препорачува на лица изложени на зголемени напори или зголемен стрес во текот на денот, AURORA со прилагодливо жичано јадро со поединечни џебови што овозможува забрзана релаксација на телото, SPA душек, BEST MEMORY H4 душек и MEMORY LATEX со 6 сантиметри ECO Latex, извонреден материјал кој после подолго користење собира дури три пати помалку прашина од останатите материјали кои се вградуваат во душеците.

Додевски верува дека не е се во добрата реклама. Иако Филанд е мала фирма, која не може да им парира на големите компании кога е во прашање буџетот за рекламирање, бројот на купувачи постојано расте. Тоа е последица на, како што нагласува Филип, задоволните купувачи.

“Наша најголема реклама се нашите задоволни клиенти кои ги има во сѐ поголем број. Постојано доаѓаат заинтересирани купувачи, кои се одлучиле за нашите душеци по препорака на некој кој веќе купил душек или перница од нашата фирма. Многу од нашите купувачи доаѓаат во нашите салони со веќе одбран производ. Веќе се запознаени со карактеристиките на душекот кој највеќе им одговара на нивната положба и начин на спиење. Благодарение на ова и бројот на нашите клиенти е зголемен за 20%. Имајки ги во предвид отежнатите услови за работење, изминатата година забележавме раст за 15,2% во однос на 2012 година. Овај раст првенствено се должи на препознавањето на Македонците на потребата од добар душек. Нашите планови за наредната година се со ширењето на продажната мрежа да го зголемиме бројот на вработени во нашата компанија и очекуваме зголемување на приходите за 10%”, вели менаџерот на Филанд, чии производи моментално може да се најдат во продажните салони во Куманово и Битола.

Планот на Додевски е во наредниот период да се прошири продажната мрежа со отворање на салони во Скопје и останати поголеми градови низ Македонија. Во салоните ќе биде изложена опремата за спиење, кревет, душек, перница и постелнини.