Бугарите би инвестирале до 15.000 евра во започнување сопствен бизнис

86

Преку три четвртини од потенцијалните претприемачи кои би започнале сопствен бизнис, би инвестирале во него до 15.000 евра. Вака се изјаснија 71% од анкетираните во истражување спроведено од franchising.bg.

Од испитаниците, 37% очекуваат инвестицијата да им се врати за две години. Првиот човек на franchising.bg, Светослав Билјарски, ги советува идните претприемачи за започнат бизнис со една третина од парите со кои располагаат, за да можат да ги пренасочат кон некој друг проект, во случај на евентуален неуспех.

Истражувањето покажа дека 31% од луѓето коишто сакаат да започнат сопствен бизнис го избираат ИТ секторот, затоа што средствата за стартување на ваков бизнис се помали.

Билјарски ги советува идните бугарски претприемачи да не започнуваат бизнис во кој е јасно дека има пари, затоа што во тој сектор се насочени многу други бизнисмени. Подобро е да ги откријат потребите на пазарот и да инвестираат онаму каде што нема презаситеност.

Како причина за започнување сопствен бизнис, 31% навеле дека е поради независност, 23% поради реализација на сопствените идеи, а 19% поради потреба од дополнителни приходи. Недостаток на алтернатива е мотивот за 15% од испитаниците.

Од вкупниот број на испитаници, 32% немаат претходно искуство со сопствен бизнис, а 20% веќе имаат неуспешен обид зад себе. Сепак, 28% очекуваат да заработуваат 1.000 до 1.500 евра месечно, што е три пати повеќе од сегашните примања.

Како квалитети што би им донеле успех, потенцијалните претприемачи ги навеле искуството во браншата (57%), амбицијата (41%) и образованието (22%).