Обама ги повика Apple, Walmart, Ford и другите најголеми компании да им помогнат на невработените

31

U.S. President Barack Obama visits Mooresville Middle School in North CarolinaБелата куќа им се обрати на некои од најголемите национални компании да помогнат во процесот на долгорочно вработување на невработените лица.

“За почеток ќе собереме 300 компании, меѓу кои 50 најдобри компании во земјава, како што се Walmart, Apple, Ford и други, за заедно со нивните извршни директори да ги утврдиме најдобрите чекори”, изјави американскиот претседател Барак Обама во ексклузивно интервју за CNN.

Додека економијата споро се опоравува од рецесијата, бројот на луѓе што не можат да најдат работа повеќе од шест месеци расте. Во САД, за долгорочно невработени, односно оние што се без работа повеќе од 27 недели, се сметаат околу четири милиони луѓе.