Порталот Business Insider ни овозможува да ѕирнеме во внатрешноста на хотелот со седум ѕвезди Emirates Palace во Дубаи. Тој е изграден во 2005 година од страна на кралската фамилија во Обединетите Арапски Емирати. За разлика од Burj al Arab, каде ноќевање чини 1.600 долари, најевтината соба во овој хотел е 470 долари за една ноќ.
Изграден е во вид на султанов сарај, а некои од гостите кои престојувале тука се британскиот премиер Џејмс Камерон, Елтон Џон, Џон Бон Џови, како и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Во хотелот има повеќе од 8.000 дрвја, кои се пресадуваат на секои две години.
Персоналот е облечен во традиционална арапска облека
Во хотелот има и банкомат за злато. Иако од него не излегуваат златни прачки, туку златни сувенири со логото на хотелот, сепак е едно од најомилените места на туристите.
Белата соба на палата, облеана со златни предмети, секогаш претставува интересно место за гледање.
Во хотелот има 48 апартмани, кои чинат 15.000 долари за една ноќ. Трпезаријата во секој апартман има по 12 места за седење.
Хотелот има 9 ресторани и 5 ноќни барови.
Интересно е што скоро сите десерти се украсуваат со златни ронки и лисја.
Во хотелот има два големи базени, едниот е наменет за семејства со мали деца, а вториот за искусни возрасни пливачи.
Гостите од возниот парк на хотелот можат да изнајмуваат Ролс Ројс или Мејбах за 500 долари за еден час.