Бензините и дизелот остануваат со иста цена

40

download Бензините и дизелот и во наредните две недели ќе се продаваат по цени како досега, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 78 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 денари за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛОТ 69 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и изнесува 57,50 денари. Се зголемува само малопродажната цена на мазутот М-1 НС и тоа за 0,795 денари и ќе изнесува 40,881 денари за килограм.